Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Внимание: Од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпејца – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.


