Вести Македонија Статуси Топ теми Ударни вести

Ангеловска: Награда од 3 милиони денари за екипата Медени, бидејќи го додадовте епитетот ‘Медена’ на нашата земја

Сподели:

 

Eкипата на „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари (околу 50 000 евра), одлучи Владата на денешната седница.

За оваа одлука информираше министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.

Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени.

 

 

Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја.
Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!

 

Сподели: