Античкиот театар – Охрид со нова и безбедна конструкција

Сподели

 

Античкиот театар е културен бренд на градот Охрид.

По две децении од повторното ставање во функција на овој локалитет, НУ Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид изврши комплетна промена на дрвената конструкција со нова безбедна и функционална за многубројните посетители.

Од НУ Завод и музеј – Охрид информираат дека проектот е реализиран со средства од самофинансирачката сметка на установата.