Претставките за кои не е надлежна, АХВ ги препраќа за постапување до другите институции

Сподели

 

Секој граѓанин има свое право да поднесе претставка или предлог до државните органи и јавните институции опфатени, со Законот за постапување по претставки и предлози со цел да ги задоволи своите права и правни интереси, информираат од АХВ.

Агенција за храна и ветеринарство ќе постапува по претставки и предлози по наводи кои се во нејзина надлежнопст согласно законските прописи. Кога органот прима претставка, односно предлог по која не е надлежен да постапува, овластеното службено лице истата ја препраќа до надлежниот орган без одлагање. 

Претставки кои се во надлежност на други институции :

  • Ширење на непријатна миризба (при угостителска или туристичка дејност) – согласно член 20 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од непријатна миризба во просторијата и околината каде што престојува и се движи човекот. 
  • Зголемена јачина на звук (бучавост) емитирани од уреди, апарати и опрема за работа и производство – согласно член 21 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од бучава. 
  • Одредување на локација за трговија на стоки во киосци, продажба од подвижни улични продавачи (камиони приколки идр) – може да се врши на места определени со одлука на советот на општината односно Град Скопје согласно член 16 од Законот за трговија. 
  • Заловувањето на бездомни кучиња кои се агресивни и напаѓаат минувачи, го вршат општините во градот Скопје односно градот Скопје согласно план и програма која е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство, определувајќи приближен број на кучиња кои ќе бидат заловени и третирани и локации од каде ќе се врши заловувањето, како и планирани расходи за постапување со бездомните кучиња врз основа на претходна спроведена проценка на популација на бездомни кучиња согласно член 5 од Закон за комунална дејност и согласно член 15 од Правилникот за постапките за заловување, интервенции и третман на бездомните кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, начинот и содржината на податоците за водење на евиденција и начинот на вршење на надзор, условите за одобрување на прифатилиштата, формата и содржината на барањето за одобрување, као и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на одобрени прифатилишта.
  • Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје поблиску го пропишуваат начинот на организирање и вршење на комуналните дејности, како и начинот на користење на комуналните услуги во поглед на услови за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, начинот за одржување на чистота во дворни места, места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, согласно член 12 став 3 тока 8 од Закон за комунална дејност.