Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, ја разобличи владината реконструкција како признание за неуспехот на Мицкоски – стерилна претстава со нови министри, зад која продолжуваат старите политики, коалициските пазари и лажниот сјај на властодржците:
“Ем ги фалите луѓево што ги разрешувате, ем ги разрешувате!? Јас не можам да ве сфатам. Мислам дека доволен шамар беше тоа што едвај 62 пратеника ви го гласаа Дневниот ред. И тоа што менувате повеќе од 1/3 од тимот ви кажува повеќе дека е до селекторот, отколку до тимот.
Вие градите Потемкинови села. Тоа е една измамничка фасада на вашата политика, еден лажен сјај, еден привиден успех.
Ќе ви демонстрирам со пример: одите во скафандер со доктори, отворате сала и дознаваме дека четири месеци по сечењето лента операционата сала уште не работи! Тоа е дефиниција за Потемкин. Ветувате просперитет – носите банкрот,“- изјави Апасиев во Собранието по реконструкцијата на Владата.


