Апелација одлучи: „Бомбите“ ќе бидат доказ во судските рочишта

Сподели

Исто како и во претходните предмети, Апелација, бомбите да бидат доказ и за случајот за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра по желба на поранешниот премиер Никола Груевски.

Бомбите за луксузниот мерцедес од над половина милон евра ќе може да бидат докази и судијата кој ќе го суди случајот да ги слушне во судница.

По вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд одлучено е прислушуваните разговори за случајот „тенк“ да бидат дел од доказниот материјал.

Вчера пред Апелациските судии, зошто бомбите не треба да бидат докази образложуваше и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа посочи дека мора да се заштитат човековите права, но и приватноста, која строго се штити со сите меѓународни конвенции.

Апелација веќе воспостави пракса со која отфрлените бомби како докази од Кривичниот суд, ги враќа во правниот поредок.

Освен прислушуваните разговори за луксузниот мерцедес, Апелација одлучи дека бомбите може да се користат и за нарачаните шамари во Центар случајот 300, за набавка на возила за полицијата случајот ТНТ, за уривање на зградата на бизнисменот Цановски предметот Топлик, за сончев град како и Тендери, за изградбата на музејот на ВМРО.