Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Горан Грујевски осуден на година ипол затворска казна

Горан Грујевски, екс началникот на Петтата управа е осуден на затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци. Пет од останатите обвинети вработени во УБК добија условно една година затвор која ќе се изврши ако во наредните три години го повторат делото. Шестата обвинета од УБК, пак, доби девет месеци затвор кои ќе ги извршат ако во наредните две години го стори делото.

Грујевски беше главниот осомничен во предметот „Тврдина 2“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Обвинет е за организирање и палење на службени документи поврзани со незаконско прислушување.

Грујевски, заедно со колегата од УБК Никола Бошкоски, е во екстрадициски притвор во Солун и на први декември го чека судење за поседување лажни патни исправи. Тие два пати беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи. Двајцата беа фатени на Солунскиот аеродром на 18 октомври кога со лажни бугарски пасоши сакале да се качат во авион за Будимпешта. Во тек е постапка за нивно екстрадирање.

 

Сподели: