АПМ: Приоритет е да профункционираат институциите

Сподели

„За Алијансата за позитивна Македонија врвен приоритет е да профункционираат институциите на системот пред сѐ да се заврши конститутивната седница на Собранието, да се избере претседател на Собранието и да се избере влада поддржана од парламентарното мнозинство. Евроатлантските интеграции се патот по кој треба се движи и развива Македонија, на кој пат за жал од лидер во регионот во 2006 година, станавме најголем регионален проблем“, се наведува во соопштението на Алијансата.