Вести Македонија Ударни вести

Средба на министерот Спасовски со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани

Сподели:

 

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од заеднички интерес, со особен акцент на областа на безбедноста. 

Во таа насока од страна на двајцата соговорници, за наредниот период беа разгледани можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи. 

Сподели: