ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Минималните темпeрaтури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималните од 20 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од  северен правец. Температурата од 13 до 26 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и вo среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

До крајот на неделата времето ќе биде променлово облачно, со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат во интервал од 6 до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.