Магазин Наука и Технологија

Apple го изгуби спорот против кинескиот производител на ташни

Сподели:

Судот во Пекинг донесе пресуда американскиот гигант Apple да го дели името iPhone со кинескиот производител на ташни и новчаници.

fs

Во образложението на пресудата се наведува дека американската компанија не успеаала да докаже дека во 2007 година, iPhone бил популарен бренд и дека по кинеските закони може да се ограничи употребата на нивното заштитно име и за други производи.

Пресудата и` овозможи на компанијата Hintong Tijandi Technology да продолжи со производство и пласман на своите производи како што се ташните, новчаниците и целата кожна галантерија да ја продава со името  iPhone.

Кина е втор пазар по големина после САД, за продажба на производите на iPhone иако 2015 година имала пад на потрошувачка од 26 проценти.

Apple ги пласираше своите производи на кинескиот пазар во 2009 година, а тужбата е поднесена во 2012 година.

Сподели: