„АРС ЛАМИНА“ донира книги за библиотеката во “СОС Детско село Македонија”

Сподели

 

Ars Lamina донира книги за библиотеката во СОС Детско село Македонија. Донацијата содржи изданија од „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“: сликовници од серијалите „Пчеличката Маја“ и „Бајки од Македонија“, боенки, романи од едициите „Детски класици“ и „Шекспир за деца“, читанки и лектирни изданија од „Лесно читливи лектири“ за ученици од второ до деветто одделение од основните училишта како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и Libi.

 

 

Донацијата е со цел да се збогати книжевниот фонд во „СОС Детско село Македонија“ и да се помогне во грижата за децата и семејствата во социјален ризик, згрижени во центарот.

Ова не е прва донација на „Арс Ламина“ во „СОС Детско село Македонија“. Имено, минатата година жените вработени во издавачката куќа го одбележаа Меѓународниот ден на жената (8 Март) со хуманитарна акција во која донираа сликовници и неопходна бебешка, детска облека и обувки. #arslamina #sosdetskoselo