Арсовски: Заев нема намера да мете ниту во партијата ниту пак во Владата

Сподели

 

– Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата. Новоназначените 30 претседатели на општински организации во СДСМ се само дел од театарот на Зоран Заев и на партијата. Од 30-те новоназначени претседатели вчера, дури половина беа истите стари кои беа разрешени. 15 функционери во СДСМ што ги назначи вчера лично на своја волја се истите тие што беа и претходно претседатели и што претходно не мрднаа со прст за да сработат за граѓаните на било каков начин во нивните можности.

Ова покажува дека Зоран Заев нема намера да прави метла ниту во партијата, ниту пак во Владата. Зоран Заев ова го направи свесно за си ја зацврсти својата позиција во партијата после лошиот резултат на последните претседателски избори и на оние претстојни парламентарни кои што следат. Заев ги остави понатака да владеат во партијата само оние кои што му се лојални и блиски, а сите останати кои му беа можна закана ги тргна од функциите – вели Арсовски.