Аскот е домаќин на трка за историјата во Red Bull Air Race


Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/denesmagazin.mk/public_html/wp-includes/media.php on line 1679

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/denesmagazin.mk/public_html/wp-includes/media.php on line 1679
Сподели

Светското првенство трета година во низа се враќа на тркачката патека во Аскот, но иако резултатите се неизвесни, една работа е сигурна: кој и да стои на врвот од подиумот на легендарната патека, тоа ќе му биде прва победа во Велика Британија.

Најџел Лемб1

Со повлекувањето на трикратниот светски првак Пол Боном, кој славеше на претходните две трки во Аскот, трката за титулата е широко отворена.

Самоуверениот Германец и залетаниот Австриец, како и уште 12 други елитни пилоти ќе бидат расположени да се запишат меѓу победниците на ова историско место, но најмногу другиот британски херој, Најџел Лемб.

Со наближувањето на трката во Аскот, тимовите ги интезивираа своите подготовки.

5-та трка во 2016 година го означува стартот на втората половина од сезоната, а за Германецот Матијас Долдерер кој е на врвот од табелата, ова е можност да ја зголеми предноста од 15,25 поени пред поранешниот светски првак од 2008 година, Ханс Арх од Австрија.

Третопласираниот Кирби Чемблис, исто така двократен светски првак, е дополнителни 0,75 поени оддалечен од Арх, а ниту еден од нив тројцата не се искачил досега на подиумот во Аскот.

За разлика од тоа, Најџел Лемб беше второпласиран во првото издание на трката во Аскот во 2014 година, кога заедно со Боном имаа „еден-два“ победа на задоволство на домашната публика, а таа сезона тој ја освои и светската титула.

Иако Лемб објави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната, британскиот пилот се уште лета со максимум од своите можности и веќе има еден пласман на подиумот во 2016 година.

Најџел Лемб

Тој не ја крие амбицијата дека сака победа во Аскот пред да се повлече.

Знамето на Велика Британија ќе се вее и за Бен Марфи, поранешен лидер на акробатскиот тим на РАФ (Royal Air Forces) насловен како „Црвените стрели“ (Red Arrows).

Тој е ново лице во класата на предизвикувачите, каде што се стекнува искуството за идните пилоти во мастер класата.

Марфи веќе има шест поени и гладен е да освои нови што ќе му помогнат во ова натпреварување.

The post Аскот е домаќин на трка за историјата во Red Bull Air Race appeared first on Спорти.


Source: Sporty