Вести Свет Ударни вести

Атина: Со едноминутен молк одржан собир во чест на жртвите во пожарите

Сподели:

Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.

 

Сподели: