На вчерашната седница на Централниот одбор, претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата.

Преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните ќе биде подготвена финалната верзија на Програмата која ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот Конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи на 7 јуни.
За нови членови на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ избрани се Соња Стаменкова – актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски – професор, поранешен носител на неколку јавни функции, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ, Тања Илијовска – Дипл. економист, Рубин Земон – Д-р по етнологија, поранешен пратеник.
За Меѓународен секретар на СДСМ избран е: Андреј Жерновски, а нов, втор Организациски секретар на СДСМ е избран Зоран Трифуновски.
Распишан оглас за избор на Претседател на Форум на пензионери на СДСМ, информираат од СДСМ.
извор/фото СДСМ


