Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој поради дојава за бомба привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по извршените безбедносни проверки, вчера навечер полета во 22:56 часот за Истанбул.
Во авионот требаше да патува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која е и министерот Бил Павлески.
Од кабинетот на шефот на државата изјавија дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатувале за Истанбул, од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.
Од ТАВ засега нема официјална информација за настанот.