Унијата на ЗМСТАС одликувана со послание „Мајка Тереза“ за хумани вредности

Сподели

 

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ ја одликува Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ со послание за хумани вредности подарени за човековата среќа. 

 

 

“И покрај тоа што ние медицинските сестри секојдневно го даваме својот максимум за доброто на пациентите, и хуманоста е наша вродена карктеристика, ваквите признанија ни даваат дополнителен стимул во нашата работа. 
 
Ова послание ни ги шири крилјата и ни дава сила да издржиме и во услови на нарушено достоинство.” 

 


 
Изразуваме голема благодарност до Граѓанската асоцијација за препознавањето на вистинските вредности – истакнуваат од изршниот одбор на Унијата предводени од ЗМСТАС “ЗА НАС“. 

На настанот преставниците од ЗМСТАС беа координаторите и членови на извршниот одбор на Унијата: Оливера Калошева, Хамиде Љатифи, Јулијана Маџовска и Данка Димитровска.