Алтернатива Настани

Авионот на соларна енергија “Solar Impulse 2” тргна на пат преку Атлантикот

Сподели:

Крајна дестинација на патот од 90 часа е Севиља во Шпанија

thumbs_b_c_db9ef0aebdc7a5b1437ea1021c8aa60d

ЊУЈОРК (АА) – Авионот на соларна енергија “Solar Impulse 2” (SI 2) полета од Њујорк и го започна своето патување преку Атлантскиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).

Пилотот на авионот, Бертран Пикард, соопшти дека планира за 90 часа да биде во Севиља, Шпанија.

Пикард истакна дека полетувањето било планирано за вчера, но летот бил одложен поради лошите временски услови.

Доколку успешно слета во Севиља, тоа ќе биде најдолгиот лет кој “Solar Impulse 2” го има изведено оваа година.

Пилотите Бертран Пикард и Андре Боршхберг на 5-ти март 2015 година на својот пат околу земјата тргнаа од Абу Даби. Со својот проект сакаат да укажат на користење на чисти извори на енергија. Досега се завршени 14 етапи од нивното патување.

Двата пилота во досегашните 14 етапи минаа 30.000 километри. Во лет поминаа околу 400 часа. Авионот има просечна брзина од 45 километри на час, а во периоди кога се сончевите зраци најсилни, брзината е двојно поголема.

Авионот е тежок 2,3 тони, а на крилата, чиј распон изнесува 72 метри, поствени се 17.248 соларни ќелии. Блгодарение на батериите може да лета и ноќе. “SI 2” досега беше во Индија, Мјанмар, Кина, Јапонија и неколку американски сојузни држави.

AA.COM.TR

Сподели: