Австрискиот парламент утрово во пожар

Сподели

viena

На покривот на австрискиот Парламент утрово избувна пожар, од каде густ чад се прошири низ централниот дел на Виена.

Пожарот избувнал околу 6:30 часот, а во инцидентот нема повредени.

Засега не е позната причината за пожарот, но се претпоставува дека станува збор за дефект во системот за вентилација.

Пред Парламентот пристигнале повеќе возила на итна медицинска помош, а пожарникарите со брза интервенција успеале да го изгаснат огнот.