Автобус падна од мост во Венеција – 21 лице загина

Сподели

 

 

Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобус, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.

Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост. Причината за несреќата се уште не е утврдена.

Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.

Утрово, според италијанските медиуми, автобусот е веќе отстранет од местото на несреќата.

https://www.youtube.com/watch?v=E59c-WB3cLE