Србија со донирани дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“

Сподели

 

Србија на Северна Македонија ѝ донирала дополнително 13.000 вакцини „Спутник V“ изјави премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека до сега оваа држава ни донирала вкупно 48.000 вакцини, пренесуваат српските медиуми.

Вакцините биле испорачани доцна синоќа во рамки на контингентот од 20.000 вакцини, компонента 2, наменети за ревакцинација. Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини се испорачани пред три недели.

Српската премиерка нагласила дека има доволно вакцини за српските граѓани и дека доколку треба, Србија и понатаму ќе биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

„Не можеме да се вратиме во нормален живот, ако сите останите не се вратат во нормален живот. Тоа е вложување во една заедничка сигурност и безбедност,“ изјави Брнабиќ.