Баили е првото засилување за Јунајтед под водство на Мурињо!

Сподели

Манчестер Јунајтед го договори првото засилување во одбраната под водство на Жозе Мурињо, а станува збор за дефанзивецот на Виљареал Ерик Баили.

baily

Изминатите денови се шпекулираше дека за трансферот, вклучувајќи разни бонуси и клаузули, Јунајтед ќе издвои околу 40 милиони евра.

Ерик Баили има 22 години, минатата сезона одигра 35 натпревари во Примера и е еден од најзаслужните што Виљареал избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите следната сезона.

Виљареал ќе профитира од овој трансфер бидејќи Баили пред 18 месеци во клубот пристигна од Еспањол за 7,5 милиони евра.

baily1

Тој официјално ќе стане играч на Манчестер Јунајтед веднаш откако ќе добие работна дозвола за Велика Британија.

Баили изјави дека овој трансфер во Јунајтед за него е остварување на сонот.

Ова е првото интервју на Баили во новиот клуб…

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=vJ0TzWdnt8s]

The post Баили е првото засилување за Јунајтед под водство на Мурињо! appeared first on Спорти.


Source: Sporty