Вести Свет Топ теми Ударни вести

Бајден: Проектилите паднати во Полска најверојатно не се истрелани од Русија

Сподели:

 

-Не сакам дефинитивно да кажам додека не заврши целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите малку веројатно е дека се истрелани од Русија. Сепак ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првичните информации зборуваа дека Русија е поврзана, прелиминарните истражувања го оспоруваат тоа тврдење, истакна американскиот претседател Џо Бајден за CNN.

Тој се наоѓа на Бали во Индонезија каде учествува на самитот на Г 20. Пред изјавите одржа итна средба со лидерите на Велика Британија,Франција, Германија, Јапонија, Италија, Канада, Холандија и Шпанија.

Бајден сепак смета дека одговорноста за влошувањето на состојбата е на Русија.

-Русија со своето делување и понатаму ја влошува состојбата во Украина, истакна Бајден во изјавата за CNN.

Два проектили паднаа во полско село, на неколку километри од границата со Украина синоќа за време на најжестоките руски воздушни напади врз поголем дел од украинската територија.

Загинаа две лица, а Полска оцени дека станува збор за руски напад и како земја членка на НАТО го активираше членот 4 пд Повелбата./МИА

Сподели: