Вести Став

Барањето за амнестија за 27. април е барање и за амнестија на терористите од Диво насеље

Сподели:

Со барањето за амнестија за 27 април, грујовистичкиот лидер Мицковски се обидува да се додовори на членството на ВМРО ДПМНЕ како и да го симне од себе и од партијата товарот кој свесно им го натоварија на осудените, обвинетите и осомничените за случувањата од 27 април, неводејќи сметка за шетните последици по државата. Притоа тој повторно во стилот на неговиот ментор Груевски со своето голо популистичко барање за амнестија сосема свесно одработува и за амнестија на други осудени лица.  Мицковски е потполно свесен дека удоволувањето на ова негово барање ќе предизвика и барање за амнестија на терористите од Диво насеље во пакет. А тоа не смее да се случи.

Впрочем и ништо не нè зачудува кога нешто излегува од партиската кујна на ова постава на ДПМНЕ, бидејќи  сите од сегашнава раководна партиска структура беа прислужници и слепи извршители на политичките на Груевски посебно во делот кога ја потпомагаа и поддржуваа амнестија на сторителите на монтруозни кривични дела од 2001 година.

Затоа како Демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ му порачуваме на неконзистентниот и наметнат лидер Мицковски, наместо со вакви нереални барања и ветувања својата енергија да ја насочи во помагање на осудените од 27 април на друг начин. За почеток најдобро е да одвојат дел од огромните финанискиски средства со кои располага партијата и партиските функционери и финансиски да ги помогнат семејствата на осудените и останатите осомничени и обвинети од 27 април доколку сметаат дека се невини. Второ, на сите оние кои се обвинети, осомничени или осудени да им понуди најквалитетна бесплатна правна помош и одбрана со цел да се искористат сите (нови и стари) факти како и редовни и вонредни правни лекови кои им стојат на располагање пред надлежните органи за да ја докажат својата невиност или пак политичка монтировка.

Се друго е само обид за залажување на јавноста и собирање на евтини полтички поени. Свесното и нечесно играње на картата на ваков популизам значи не водење сметка за штетните последици по државата кое може да го направи ова нереално ветување и барање.

 

ВМРО ДПМНЕ- ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА

Сподели: