Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по 8

Сподели

СДСМ и коалицијата поднесе осум приговори до ДИК, кои се однесуваат и на текот на гласањето, и на сумирањето резултати, барајќи поништување на гласањето во тие осум избирачки места и прегласување.

– Сметаме дека со дејствијата што се сторени на избирачките места за овие осум приговори се направени суштински повреди на избирачкиот процес, односно на утврдувањето на резултатите од гласањето – изјави претставникот на СДСМ.

Во приговорите се бара поништување на резултатите и прегласување на спорните избирачки места.

Според информацијата од ДИК  досега до ДИК се поднесени 16 приговори.

Претходно и партијата Беса поднесе осум приговори кои се однесуваат на постапката за гласање, а дел се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање на резултатите.

Приговорите на БЕСА се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Липково и Гази Баба.

Поднесување приговор врз основа на постапката на гласањето истекува денеска до 19 часот, но поднесувањето на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите завршува вечерва до 24 часот.