Алтернатива Настани

BEACH RUN MAVROVO 2016

Сподели:

MDbeachrunmavrovosportskinastani

Ски Центар Маврово, 24 Јули, 17:00ч

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули 2016 година, во вид на летна лига во трчање на 5км.

:: ДАТУМИ И ЛОКАЦИИ ::

Недела, 3 јули 2016 Скопје https://web.facebook.com/events/241694512851365/

Недела, 10 јули 2016 Преспа https://web.facebook.com/events/1199311983447597/

Недела, 17 јули 2016 Дојран https://web.facebook.com/events/499037303624848/

Недела, 23 јули 2016 Маврово https://web.facebook.com/events/135189230221092/

Недела, 31 јули 2016 Охрид https://web.facebook.com/events/1022792274477943/

:: ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ::

Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5км, на ЕДНА, НЕКОЛКУ или на СИТЕ предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

:: БОДУВАЊЕ ::

На секоја од петте трки, сите натпреварувачи кои успешно ја завршиле трката освојуваат поени според следново:

1 место 25 поени, 2 место 20 поени, 3 место 17 поени, 4 место 14 поени, 5 место 12 поени, 6 место 11 поени, 7 место 10 поени, 8 место 9 поени, 9 место 8 поени, 10 место 7 поени, 11-20 место 5 поени  21-30 место 4 поени, 31-40 место 3 поени ,41-50 место 2 поени, од 51 до последно место, 1 поен.

Оние кои ќе започнат, но нема да завршат трка, не освојуваат поени.

:: НАГРАДЕН ФОНД ::

За победниците на трките и целата серија е обезбеден паричен награден фонд од 1.000 евра и врвна спортска опрема за трчање. Дополнително, до почетокот на трките организаторот ќе се труди да обезбеди производи и подароци од спонзорите за зголемување на вкупниот фонд награди.

:: ПРИЈАВУВАЊЕ ::

Натпреварувачите треба да се пријават преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Пакет цена за учество на СИТЕ ПЕТ ТРКИ изнесува 999 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:

– дрес за трчање изработен од dri-fit материјал (100% полиестер)

– стартен број (важи за сите трки од серијата)

– освежување за време на трките

Цената за учество на ЕДНА ТРКА изнесува 499 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:

– дрес за трчање изработен од dri-fit материјал (100% полиестер)

– стартен број

– освежување за време на трката

Цената за учество на ЕДНА ТРКА БЕЗ ДРЕС изнесува 199 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:

– стартен број

– освежување за време на трката

:: ПРОГРАМА НА НАСТАНИТЕ ::

– Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку половина час пред трката

– Трка на 5км

– Прогласување победници и забава

– Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот

– Целиот настан трае од 90 до 120 минути

– Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

:: ДРУГО ::

– Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.

– Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз

– Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори

Сподели: