Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Бектеши: Ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари

Сподели:

 

Министерството за економија ги заврши сите анализи за мерката за субвенционирање на електричната енергија за прехранбениата индустрија сектор и веќе е пратена Предлог – одлука за укинување на оваа мерка.
 
Оваа мерка според нашите анализи не се почитуваше од компаниите кои користеа субвенционрана струја како што беше договорено со Владата, изјави минисерот за економија Крешник Бектеши.
 
Ова е само прв чекор од производите кои се наведени во Одлуката на Владата за утврдување на маржите.
 
Работиме и за другите производи и ќе следат и нови одлуки во делот за замрзнување на утврдување на цените и со ова уште еднаш се покажува дека Владата работи во интерес на граѓаните и немаме да оставиме да има профитери во време на една ваква голема криза, соопшти министерот.
 
Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи, но за жал повеќето тоа не го направија.
Сподели: