Спорт

Белгија ја покажа силата, декласирана Унгарија со 4-0 и пласман во 1/4 финалето!

Сподели:

Шестиот учесник во четвртфиналето е селекцијата на Белгија која во осминафиналето ја декласираше Унгарија со 4-0.

белгија-унгарија

Првиот гол на натпреварот го постигна Алдервејлед по само 10 минути игра, потоа Белгија во наредните 60 минути не успеа да реализира многу шанси, но Унгаците не ја казнија нивната неефикасност иако имаа неколку добри можности за постигнување на гол.

белгија-унгарија1

Победата на Белгија ја завери Батшуаји во 78.минута, а две минути подоцна Азар извонредниот настап на овој меч го круниса со гол по соло акција. Конечните 4-0 ги постави Караско во 91.минута.

белгија-унгарија2

Белгија во четвртфиналето за противник ќе го има Велс.

The post Белгија ја покажа силата, декласирана Унгарија со 4-0 и пласман во 1/4 финалето! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: