Спорт

Разгалената ѕвезда на ПСЖ ги брка аргентиците од тимот – Изгледа славата и парите му удрија во глава!

Сподели:

Очајна атмосфера владее во соблекувалната на ПСЖ!

фото: EPA/Cristophe Petit Tesson

Иако на импресивен начин ја отворија новата сезона, ситуацијата во францускиот шампион е далеку од идеална.

Килијан Мбапе драстично го промени своето однесување откако потпиша нов договор со парижаните, стана многу посилен, прави хаос во соблекувалната и тоа воопшто не им се допаѓа на соиграчите.

Пред три месеци Мбапе го продолжи договорот на уште три години, а за потписот доби невидено богатство и огромна моќ.

За потпишувањето на новиот договор доби бонус од 100 милиони евра, а неделно ќе заработува нереални милион евра.

Сепак, тоа не е се… Заедно со парите добил и бројни привилегии. Наводно, му било ветено дека ќе биде прва ѕвезда на тимот. Тој побара да изведува пенали и играта да се прилагоди што повеќе на него.

Бразилскиот портал „UOL Esporte“ открива дека побарал од претседателот на клубот Насер Ал-Келафи да ги отстрани Аргентинците од тимот предводени од Лионел Меси, а му пречи и што Андер Ерера, Нејмар и Навас се блиску до Аргентинците Меси, Паредес и Икарди.

Да потсетиме, на натпреварот против Монпеље, Мбапе беше бесен бидејќи Нејмар му ја ускрати можноста да изведе пенал.

Камерите ја уловија неговата реакција додека разговараше со Нејмар и Меси. Додека минуваше покрај Меси, тој намерно го закачи со телото како да сакаше да му даде до знаење кој е сега шеф на тимот.

Француските медиуми објавија дека спортскиот директор Луис Кампос веднаш по натпреварот одржал состанок со Нејмар и Мбапе.

Французинот беше бесен како рис кога завршија разговорите бидејќи очекуваше челниците на клубот да застанат на негова страна, но тоа не се случи.

ПСЖ очигледно не ги исполни ветувањата и филмот на Мбапе пукна.

The post Разгалената ѕвезда на ПСЖ ги брка аргентиците од тимот – Изгледа славата и парите му удрија во глава! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: