Бени: Ќе ја отворам канцеларијата за сите граѓани, таа е нивна не ми е наследство од семејството

Сподели

 

Човек треба да е отворен и чесен кон своите сограѓани, оригиналноста мора да биде зачувана, а менувањето во политичка кампања е у старт недоверба од граѓаните.
 
Ќе ги задржам достоинството и имиџот, ќе ја отворам канцеларијата за сите граѓани, таа е нивна не ми е наследство од семејството.
 
Јас немам сум немал и нема да имам партиска книшка и не сум спремен да работам по ничија партиска директива освен по директива на граѓаните на Скопје. За мене моето СКОПЈЕ е моја партија.
 
Имам своја визија за тоа како треба да изгледа Скопје, во кое најмногу ми пречи нехигиената, загадувањето и гужвите. Немам намера да тргувам со гласовите на своите поддржувачи, ниту ги носам во џеб, ниту сум магионичар, а и не е чесно да го правам тоа!
 
Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”.