БЕСА го осудува секој вандалски чин кој се прави кон слободните медиуми

Сподели

Заканите кон претседателот на Здружението на Новинарите, Насер Селмани, кои деновиве беше заканет од страна на бандитите од огранокот на ДУИ во Чаир. Тргнувајќи од ова, Движењето БЕСА изразува загриженост за овој насилен и кукавички чин на бандитите кои се добро познати за Чаир.

Сиов овој неред и паника, кои се трудат да го создаваат овие лица, е доказ дека во Чаир продолжува стариот терк со истите лица и со истите акти. Кога овој чин се поддржува и од антиалбанскиот новинар, Миленко Неделковски, мозаикот станува и појасен – продолжува братската соработка ВМРО-ДУИ.

Движењето БЕСА го осудува секој вандалски чин кој се прави кон слободните медиуми, а особено изразуваме загриженост кога се упатуваат закани кон новинарите и новинарството како професија. За нас новинарите се гласот на граѓанинот и овој глас не може да се замолчи од страна на бандитите на ДУИ, особено кога на овие бандити им се приклучуваат и познати антиалбански личности како Миленко.

 Движењето БЕСА ќе продолжи да биде гардијан на слободниот збор без компромисно.