Алтернатива Настани

Better Women Better World: “Ние, Хероините” – еднодневен форум во Јавна соба

Сподели:

 

Ние, Хероините е женски форум организиран од женската платформа Better Women Better World, на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува. 

Ќе имаме можност да слушнеме корисни информации и искуства од страна на ескперти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели. Време е почнеме да ги споделуваме препреките, предизвиците, подемите и падовите со нашата заедница и да размислиме што можеме заеднички да направиме за НИЕ (жените) да бидеме подобри, а со тоа и нашето општество. 

Целта ни е овој женски форум да стане наша традиција и да се одржува секоја година, обработувајќи разни теми. 

Настанот ќе се одржи на 16 октомври, во Јавна соба.

Агенда

11:00 – 11:30 Регистрација

11:30 -12:30 Прва Панел Дискусија на тема – Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација 

Q&A 12:40 -12:45

15 минути пауза

13:00 – 14:00 Втора Панел Дискусија на тема – Предизвиците на бизнис жените

Q&A 14:00 -14:15

15 минути пауза

14:30 – 15:30 Трета Панел Дискусија на тема – Предизвиците на самохраните мајки

Q&A 15:30 -15:45

Закуска и вмрежување 

Линк за пријавување Ние, Хероините (betterwomenbetterworld.com)

Сподели: