Бислимовски: Утре почнува грејната сезона – лиценците издадени на АД ЕСМ

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ, за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови утре на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.

Лиценцата за производство е издадена до април 2023 година, лиценцата за дистрибуција на максимален рок од 35 години и лиценцата за снабдување на максимален рок од 10 години.

– Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе започне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен. Очекуваме дека во првите денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Се што треба да превземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина,  истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.