Битиќи: Половина од жените во нашата земја се надвор од пазарот на труд

Сподели

 

-Вчера се одржа првиот настан со кој ги започнуваме 16-те дена активизам против родово-базирано насилство и мислам дека многу симболично овој настан министерството на труд и социјална политика го има наречено „Сложувалка“, затоа што само добро структуриран, сеопфатен, сложен и посветен систем на многу делови може да одговори соодветно, да превенира и заштити.
 
Во оваа „Сложувалка“ секој дел е важен, сите знаеме која е фрустрацијата кога недостига еден дел од сложувалката која трпеливо сме ја ределе.
Половина од жените во нашата земја се надвор од пазарот на труд. Ова е нешто што сите мораме да го адресираме и да работиме кон намалување.
 
Со кревање на свеста, со креирање на можности и секако со креирање на услови кои нема да дозволат да се економски зависни, што во нашата сложувалка ги прави ранливи. Токму поради тоа, родово сензитивните политики не се работа на ексклузивност туку на фокус, а во фокусот е неискористениот потенцијал на жените и е нивно право, изјави вицепремиерот и потпретседателот на СДСМ, Фатмир битиќи.
 
Да не дозволиме да станат или останат економски зависни, да не дозволиме да не се охрабрат да пријават, во тој процес, да не дозволиме двојна виктимизација, да не дозволиме да мислат дека е нивна вина или нивна судбина… да не дозволиме истата да ја пренесат на следните генерации.