Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сподели

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП„Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.