Битиќи: Раководните лица кои не го испорачале она што се очекува, сами да си заминат

Сподели

 

На денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за економските сектори Фатмир Битиќи изјави дека раководните лица кои не го испорачале она што го очекувале граѓаните, не треба да очекуваат некој да ги смени, туку сами треба да си заминат.

Тој додаде дека следната недела почнува процесот на дефинирање на директори во третиот ешалон, а деновиве треба да бидат испратени до Собранието и предлозите за заменици-министри.