„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, најдобар филм на фестивалот во Софија

Сподели

 

„Бизнисот на задоволството“, дебитантскиот долгометражен филм на Гоце Цветановски, е прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“ во Софија, каде што ја имаше и својата премиера.

Покрај Софија, 20. издание на фестивалот се одржуваше и во Перник, Пловдив и Варна.

Станува збор за политички трилер – драма, во кој улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.