„Боите“ – изложба на Боро Арсовски во Куманово

Сподели:

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 12 ноември во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Боите“ на ликовниот уметник Боро Арсовски.

Изложбата опфаќа триесетина дела од неговото најново творештво, во кои доминираат спонтаниот креативен израз и слободната употреба на боите. Арсовски има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на ДЛУМ од 1990 година. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам и ќе биде поставена до 25 ноември.

Сподели: