ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно, во источните делови се уште со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Температурата ќе се движи од 5 до 14 степени.

Во Скопје времето преку денот ќе биде умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температурата ќе се искачи најмногу до 7 степени.

Под влијание на потопол влажен бран, во вторник и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Во текот на вчерашниот ден и ноќеска, најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврoви Анови има снежна покривка од 25 сантиметри, а во Лaзарополе 18 сантиметри. Снег има и во Крушево, Попова Шапка, Тополчани, Претор, Битола, Берово. Најмногу дожд наврна во Битола, Гевгелија, Претор и Демир Капија.