Вести Свет Топ теми Ударни вести

Болсонаро нареди вооружените сили да помогнат во борбата против пожарите во Амазон

Сподели:

 

Претседателот на Бразил им нареди на вооружените сили да помогнат во борбата против рекордниот број шумски пожари во Амазон.

Декретот издадена од претседателот Жаир Болсонаро дозволува распоредување војници во природните резервати, домородни територии и погранични области во регионот. Најавата за вклучување на армијата во борбата против шумските пожари доаѓа по силниот притисок на европските лидери.

 

 

Болсонаро ја критикуваше реакцијата на другите нации, инсистирајќи на тоа дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за идни санкции. Ова се случи откако Франција и Ирска соопштија дека нема да ратификуваат огромен трговски договор со јужноамериканските нации, освен ако Бразил не направи нешто повеќе за да се справи со пожарите во Амазон.

За многу од пожарите се смета дека биле намерно подметнати, а сомнежите упатуваат на земјоделците кои можат да имаат корист со тоа што ќе имаат повеќе расположиво земјиште.

Болсонро инаку даде поддршка за расчистување од шумата на големи области од Амазон за земјоделство или рударство, со што се соочи со сериозни критики дека неговата администрација всушност дава зелено светло за уништување на прашумата.

 

Сподели: