Борисов: Историска грешка е ако С.Македонија и Албанија не добијат датум за преговори

Сподели

 

“Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите. Тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива”, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се расправа и за проширувањето на Унијата.