Ратификуван НАТО-протоколот за С.Македонија во францускиот Сенат

Сподели

 

Францускиот Сенат денеска го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. На официјалната интернет-страница беше објавено дека „Сенатот, во прво читање, го авторизира протоколот за пристапување на С. Македонија во НАТО“, пренесе „360 Степени“.

Според процедурата, откако помина во Сенатот, документот оди на усвојување во Националното собрание на Франција.

 

Се очекува кон средината на ноември пратениците во Асамблејата да го одобрат протоколот што ќе значи дека Париз и официјално ја завршил постапката за потврда на приемот на С. Македонија во НАТО.

Досега 24 од 29 држави-членки го ратикуваа протоколот.

Извор „360 Степени