Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Борисов: Заеднички да го забрзаме процесот за пристап на С.Македонија во ЕУ

Сподели:

 

На денешната прес-конференција, запрашан дали е можно Бугариjа да го стави под прашање зачленувањето на Македонија во ЕУ, бугарскиот премиер Бојко Борисов категорично ги отфрли сите вакви можности.

-“Не би сакал да мислам дека е можно да се дојде до такво прашање, по сите напори што ги направивме, да дојде ситуација да кренам рака против Република Северна Македонија е недопустливо. Затоа нудам и на колегата Заев секојдневно да работат експертските комисии за да се унапредува тој процес. Зоран е свесен сум се борел со Германија и Франција да се помогне на Македонија, и да допуштиме да биде земјава блокирана, тоа не го дозволувам ни како помисла” – изјави Борисов.

Тој додаде дека додека комисиите ги решаваат прашањата за историските личности кои ги поврзуваат двете земји, политичарите треба да внимаваат на нивните изјави.

-“Треба да внимаваме, не само да се поклонуваме пред хероизмот на овие луѓе. Професорот Ангел Димитров ми даде историска лекција. Додека доаѓавме на секое ритче над кое прелетавме ми посочи дека се погинати илјадници луѓе. Овие земји се напоени со крв, илјадници погинале за да бидеме сега заедно тука, за регионот да има перпскетива. Тука нема ритче кај што не загинал човек. Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете, граѓани на Република на Северна Македонија ” – рече Борисов.

Проследете ја заедничката прес-конференција со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. 🇲🇰🇧🇬

Geplaatst door Zoran Zaev op Donderdag 1 augustus 2019

Сподели: