Изградба на нови занимални и реконструирани тоалети во градинките во Општина Карпош

Сподели

 

Деновиве беа целосно реконструирани тоалетите за децата од осум месеци до три години, во претшколската установа „Орце Николов“, објект во Карпош 4. Со оваа интервенција значително се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа детска градинка.

 

 

Општина Карпош продолжува со секојдневно унапредување на условите во градинките, а за оваа година се предвидуваат и нови занимални за градинката „Орце Николов“ во Карпош 3, како и надградба на „Распеана младост“ во Карпош 1.

 

 

Наскоро започнува доградбата на градинката „Орце Николов“, во Карпош 3.
Ќе се добијат 4 нови занимални, со што ќе се зголемат капацитетите за сместување на деца.