Британската премиерка Тереза Меј денеска во посета на Македонија

Сподели

Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Церемонијата за добредојде на британската делегација ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија. Владината прес служба соопшти дека по ова, предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј.

Според програмата за посета на Меј на Македонија, предвиден е и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.