Вести Свет Ударни вести

Британскиот парламент и официјално суспендиран

 

Британската влада и официјално го суспендираше парламентот во следните пет недели.

Законодавниот дом, претходно ја отфрли иницијативата на премиерот Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата, кој  порача дека во октомви уште еднаш ќе се обиде да постигне договор со Брисел во врска со спорните точки околу Брегзитот, но нагласи дека нема да бара уште едно одложување на крајниот рок за напуштање на Унијата, додавајќи дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, без разлика дали ќе биде постигнат договор или не.

„Можете и рацете да ми ги врзете, но оваа влада нема да бара повторно одложување на Брегзитот“, изјавил Џонсон.

Сподели: