Земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на источна Нова Гвинеја во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри, пишува EMSC.

Сè уште не се знае колкава е штетата, а не се знае ни дали има жртви во земјотресот што ја погоди оваа пацифичка земја.

Земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 7,5 степени пред четири години, при што загинаа најмалку 125 луѓе.