Вести Свет

Бројот на туристи во Париз намален за 1,8 милиони

Сподели:

paris

ПАРИЗ (АА) – На прес конференција во врска со крвавиот напад во Париз којшто се случи на 13 ноември 2015 година претседателот на Комитетот за туризам за областа на Париз Федерик Валету рече: „Оваа година меѓу 1 јануари и 31 октомври бројот на странски посетители во Париз во споредба со истиот период минатата година е намален за 1,8 милиони луѓе”, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој истакна дека мината година Париз бил посетен од 47 милиони туристи и дека оваа година во првите 10 месеци бројот на странски туристи е намален за 8,1 проценти.

До сега материјалната штета поради намалувањето изнесува 1 милјарда евра изјави претседателот на Комитетот за туризам во областа на Париз.

Тој истакна дека особено Јапонците и Кинезите го загубиле интересот за Париз.

„Во споредба со минатата година бројот на туристи од Јапонија се намали за 39 проценти, на кинески туристи за 23 и на германски туристи за 10 проценти“, рече Валету.

Тој сопшти дека до сега материјалната штета од намалувањето на туристите што го посетуват Париз изнесува една милјарда евра и дека доколку овој тренд продолжи очекуваат штетата да достиге до 1.5 милјарди долари.

Сподели: