Вести Свет

Денеска се одржуваат претседателските избори во Бугарија

Сподели:

bugarija

На денешните избори за нов претседател на Бугарија, кој ќе го наследи актуелниот шеф на државата Росен Плевнелиев, кој реши да не се кандидира за нов претседателски мандат, ќе гласаат над 6,8 милиони Бугари со право на глас.

Во трката за претседателската функција учествуваат вкупно 21 кандидат предложени од политички партии, коалици и независни граѓански иницијативи.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека новиот бугарски претседател најверојатно нема да биде познат денеска, туку дека наследникот на Плевнелиев ќе биде избран дури по вториот круг, што би требало да се оддржи на 13 ноември.

Според последните истражувања на јавното мислење денеска ќе се води неизвесна и тесна борба меѓу кандидатот на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), актуелната претседателка на бугарското Народно собрание, Цецка Цачева и независниот кандидат генерал Румен Радев, кој ја има поддршката на најголемата опозициска сила во државата, Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Сподели: